Ковид руши рекорди и во Велика Британија
Во последното деноноќие од ковид-19 умреле 516 лица, што е помалку од претходниот ден кога имаше 533 смртни случаи.
Бројот на новозаразени со коронавирус во последните 24 часа во Велика Британија, според податоците на владата, е зголемен за 20.964.
Тоа е најголем раст на нови инфекции за еден ден од средината на ноември и големо зголемување на бројот на лица заразени со ковид-19 во споредба со претходниот ден, кога имаше 16.578, пренесуваат британските медиуми.
Во последното деноноќие од ковид-19 умреле 516 лица, што е помалку од претходниот ден кога имаше 533 смртни случаи.
Вкупниот број на жртви од ковид-19 во Велика Британија од почетокот на епидемијата изнесува 63.082 лица.