Ковид-19 одзеде уште 37 животи, најмладиот има 37 години
Во последните 24 часа се направени 1.431 тестирања, а регистрирани се 301 нови случаи на коронавирус.
Направени се 1.431 тестови преку: ИЈЗ-183, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-59, Жан Митрев (Филип Втори)-186, Авицена-0, Биотек-275, Систина-330, лабораторија Лаор-0, Синлаб – 0, Ремедика-0, Плодност – 0, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 346.
Досега во земјата се направени вкупно 643.004 тестирања на ковид-19.