Во Бугарија 157 лица со потврден ковид-19 починале во последните 24 часа, а 40 од нив немаат податоци за други болести.
Во изминатото деноноќие 3.097 се новодијагностицирани лица, по направени 8.587 ПЦР тестови, покажуваат податоците во Националниот информативен систем.
Потврдените случаи на коронавирус во Бугарија се вкупно 177.665. Од нив 92.581 се активни. Излекувани се 79522 лица, од кои 4.290 се регистрирани во последните 24 часа.
Од почетокот на пандемијата во Бугарија од ковид-19 починаа 5.562 лица.