Ковид-19 руши рекорди во Бугарија – 221 починати за еден ден

Од последниот пресек тестирани се 6.825 примероци, а процентот на позитивни е 41,23 отсто.

231

Во последните 24 часа во Бугарија е регистриран рекорден број на смртни случаи од коронавирус – 221, а заразени се уште 2.814 лица, објавено е на официјалната интернет страница за следење на епидемијата.

Од последниот пресек тестирани се 6.825 примероци, а процентот на позитивни е 41,23 отсто.






Во моментов има 90.700 активни случаи.

Во болниците има 6.783 пациенти, од кои 457 се на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата во Бугарија се заразиле вкупно 145.300 лица, од кои 4.035 починале.

Поврзани содржини