Ковид-19 остава страшни последици кај оздравените пациенти – удира на бубрезите, жолчката, срцето и мозокот

Резултатите од истражувањето се уште еден доказ дека не е мал бројот на луѓе кои ја прележале короната, а кои сè уште се борат со долготрајните последици од ова заболување.

1,311

Новите научни истражувања говорат за тоа дека ковид-19 може значително да ги оштети бубрезите, жолчката, срцето и мозокот кај некои пациенти. И тоа на долги стази. Како што покажуваат истражувањата, дури 91 отсто од пациентите кои оздравеле од коронавирусот имаат барем една долготрајна компликација на овие болести, пишува „Best Life“.

Новите откритија се базираат на истражување спроведено врз 956 пациенти кои ја победиле заразата во Јужна Кореја. Научниците соопштиле дека 879 пациенти, односно 91 проценти, рекле дека имаат барем еден долготраен симптом. Уморот бил најчест симптом – 26 проценти од испитаниците, а потешкотии со концентрацијата имале 25 проценти од пациентите, соопштила Корејската агенција за контрола и превенција на болеста (KDCA).






Голем број пациенти рекле дека имаат и психолошки проблеми и долготраен губиток на сетилото за вкус и мирис, а кај некои од нив оваа последица била присутна и неколку месеци по излегувањето од болница.

Резултатите од истражувањето се уште еден доказ дека не е мал бројот на луѓе кои ја прележале короната, а кои сè уште се борат со долготрајните последици од ова заболување.

Светската здравствена организација (СЗО) неодамна објави дека долготрајните симптоми како умор, кашлица, главоболка и губиток на сетилото за вкус и мирис, и понатаму се чести симптоми помеѓу популацијата од 18 до 34 години, и тоа две до три недели откако ги добиле позитивните резултати од тестирањето.

Во истиот тој извештај пишува и дека 40 отсто од пациентите кои ја преживеале пандемијата на САРС во 2003 гдина, која, исто така, била предизвикана од коронавирусот, покажале симптоми на хроничен умор кој траел три ипол години по оздравувањето. Агенцијата заклучила дека постојат сè повеќе докази за долготрајни здравствени компликации кои „удираат“ на срцето, белите дробови, мозокот и менталното здравје на пациентите.

Исто така, не треба да се заборави и извештајот на Центарот за контрола и превенција на болеста, кој во јули годинава покажа дека 35 отсто од пациентите не се опоравиле потполно ни по две до три недели од позитивното тестирање на вирусот, а многумина рекле дека се чувствуваат уморно.

Поврзани содржини