Ковид-19 остава последици врз менталното здравје на децата

Според студијата, децата и тинејџерите од посиромашните семејства и оние со мигрантски корени се несразмерно погодени.

294

Новото истражување за децата во Германија сугерира дека стресот и сиромаштијата предизвикана од пандемијата на коронавирусот има последици врз нивното ментално здравје, особено кај оние од сиромашни семејства, велат истражувачите.

Студија на медицинскиот центар на универзитетот Хамбург-Епендорф покажа дека секое трето дете во Германија страда од анксиозност, депресија поврзана со пандемијата или покажува психосоматски симптоми, како што се главоболки или болки во стомакот, објави „АП“.






Според студијата, децата и тинејџерите од посиромашните семејства и оние со мигрантски корени се несразмерно погодени.

– Децата кои беа добро пред пандемијата и се чувствуваа заштитени и пријатно во своите семејства, добро ќе поминат низ оваа пандемија – рече Улрике Равенс-Киберер, директор на детската психијатриска клиника во универзитетската болница, но истакна дека се потребни подобри решенија со цел да се зајакне менталното и емоционалното здравје на децата од ризичните семејства.

Истражувачите испитувале повеќе од 1.000 деца на возраст од седум до 17 години и повеќе од 1.500 родители од средината на декември до средината на јануари.

Поврзани содржини