Ковид-19 е опасен за мозокот и по оздравувањето

Во првите шест месеци откако прележале ковид-19 кај едно од осум лица првпат се дијагностицира некое психијатриско или невролошко пореметување, како мозочен удар, акутно крварење во мозокот, деменција.

596

Анализата која ја предводел Макс Такет од одделението за психијатрија на Универзитетот Оксфорд утврдила дека кај еден од осум пациенти кои прележале ковид-19 во првите шест месеци по оздравувањето првпат се дијагностицира некое психијатриско или невролошко заболување, пренесува Б92.

Студијата, на која допрва и претсои колегијална проверка, една е во низата докази дека психолошкиот стрес кој доаѓа со ковид-19 не може да се игнорира.






Освен тоа, резултатот бил уште полош (еден од три пациенти) кога истражувачите ги вклучиле и пациентите со историја на психијатриски или невролошки заболувања.

Британските научници ги користеле здравствените картони за да оценат 236.379 хоспитализирани и нехоспитализирани пациенти во САД, на кои им е потврдена дијагноза на ковид-19 и ги споредиле со група пациенти на кои им е дијагностициран грип и други респираторни заболувања помеѓу 20 јануари и 13 декември 2020 година.

Во анализата која ги зела предвид познатите ризик фактори – возраст, пол, раса, постоечки физички и ментални состојби и социо-економската состојба, утврдено е дека инциденцата на невролошки и психијатриски заболувања псле ковид-19 е дури 33,6 отсто. Од тоа 13 отсто од лицата немале никаква историја на такви заболувања.

Заболувањата кои ги поѓагаат од ковид излечените пациенти најчесто се мозочен удар, акутно крварење во мозокот, деменција и психијатриски пореметувања.

Најновата студија ги поддржува податоците на претходните испитувања кои покажале дека кај едно од пет лица во првите три месеци откако прележале ковид-19 им се дијагностицира некое психијатриско пореметување.

Поврзани содржини