Ковид-19 ја прекина вакцинацијата против морбили и полиовирусот, загрозени милиони деца

СЗО и УНИЦЕФ апелираа итно да се обезбедат средства во износ од 655 милиони долари потребни за спроведување кампања за сузбивање епидемии и заразни болести

269

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека пандемијата на коронавирусот ја запре кампањата за вакцинација против полиовирусот и сипаниците, што ризикува милиони млади луѓе да се заразат со овие потенцијално смртоносни болести.

СЗО и УНИЦЕФ апелираа итно да се обезбедат средства во износ од 655 милиони долари потребни за спроведување кампања за сузбивање епидемии и заразни болести и на тој начин да се премости „опасниот имунолошки јаз“ меѓу сиромашните и средно развиените земји, објави „Ројтерс“.






– Не смееме да дозволиме, во борбата против една опасна болест, да ја занемариме борбата со другите – рече Анриета Форе и посочи дека потребни се 400 милиони долари за вакцинирање против полиовирусот, плус 255 милиони долари за борба против морбилите.

Според неа, од планираните 91 кампања за вакцинирање против полиовирусот и морбилите, 53 се стопирани.

Поврзани содржини