КОВАЧЕВСКИ ЗА ВО ПОНЕДЕЛНИК ГО СВИКАЛ ЦО НА СДСМ Тогаш ќе се одлучува за промените во раководството на партијата
На овој состанок јас ќе доставам листа на предлози, а кои лица ќе бидат избрани на раководните позиции во партијата, ќе зависи од членовите на Централниот одбор, вели Ковачевски.
Централниот одбор на СДСМ во понеделник ќе го избира мандатарот и новото партиско раководство. Лидерот Димитар Ковачевски во телефонски разговор за Сител потврдува дека по овој состанок ќе се знаат имињата на партискиот заменик-претседател, потпретседателите и генераниот секретар.
– На овој состанок јас ќе доставам листа на предлози, а кои лица ќе бидат избрани на раководните позиции во партијата, ќе зависи од членовите на Централниот одбор – вели Ковачевски за Сител.
И од партијата потврдуваат дека по овој состанок, шефот на државата Пендаровски ќе добие известување и за името на мандатарот и потврда за мнозинството во Собранието.