КОВАЧЕВСКИ НЕМА ИЗБОРЕН ЛЕГИТИМИТЕТ За Милошоски тоа ќе биде најголем хендикеп на идниот премиер

Според Милошоски, Владата на Ковачевски ќе има континуитет со Владата на Заев во делот на напорите за легализација на марихуаната, како и за непреземањето одговорност.

445

Мандатарот Димитар Ковачевски нема изборен легитимитет и мислам дека тоа ќе биде хендикеп во неговата работа, рече пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва во завршното обраќање на пратениците пред гласањето за избор на новата влада.

Според него, Владата на Ковачевски ќе има континуитет со Владата на Заев во делот на напорите за легализација на марихуаната, како и за непреземањето одговорност.






– Министерот Венко Филипче 3-4 пати останувал до полноќ единствено кога се разговараше за легализација на марихуана, но за среќа не помина. Ваквата работа не е потребна, а против тоа се земјите од регионот меѓу кои членките на ЕУ, Хрватска, Грција и Бугарија, затоа што ако за едно село Лазарат во Албанија цела ЕУ го стави на листа да биде санирано и да нема нелегална трговија, тогаш замислете каков проблем ќе биде во Македонија, тука нарко мафијата ќе најде прибежиште и затоа не ја правете Македонија да биде Колумбија во Европа – рече Милошоски.

Милошоски по однос на надворешната политика напомена дека Бујар Османи не е подобен да го води тој сектор и дека владата на СДСМ и ДУИ е таа која има добивано датуми кои никој не ги видел, а воедно со скандали го наруши имиџот на Македонија пред меѓународната јавност.

Тимот за надворешна политика ви е многу слаб и компромитиран. Македонија четири години нема амбасадор во Вашингтон, иако САД се стратешки партнер на Македонија. Имавте еден обид потпишан од Заев и Османи, Фрчкоски да биде амбасадор, добро е што не помина бидејќи сме добиле вербална нота дека тој не е подобен за амбасадор – рече Милошоски.

Тој го потсети Ковачевски дека има уште еден проблем во надворешната политика, а тоа е Миле Миленковски кој бил именуван за заменик во мисијата на ОБСЕ во Виена, а заврши во притвор во Србија по избивањето на една меѓународна афера.

Поврзани содржини