КОВАЧЕВСКИ КАСНА ПОСНА САРМА Премиерот почна да јаде и по слави (ФОТО)
Задоволство е да се биде со ова прекрасно семејство со трпеза полна со превкусни посни јадења и срце љубов полно за сите. Честита слава на сите кои го празнуваат Свети Никола Чудотворец, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Откако се сликаше додека јадеше во работничка менза, студентски дом, и киосци за сендвичи и тостови во обидот да стане омилен за граѓаните, премиерот Ковачевски отиде да јаде за да се слика во приватен дом на фамилија со презиме Спасовски што ја слави куќната слава Свети Никола.
– Големиот празник Свети Никола го одбележавме заедно со семејството Спасовски во Пробиштип. Задоволство е да се биде со ова прекрасно семејство со трпеза полна со превкусни посни јадења и срце љубов полно за сите. Честита слава на сите кои го празнуваат Свети Никола Чудотворец – напиша Ковачевски на Фејсбук.
Иако во Македонија традиција е на ќуќна слава да се оди со сопругата и семејството, Ковачевски на пропагандната посета на слава отишол сам.
Наздравје нека му се посните сарми, гравчето и рибата кои се подготвуваат традиционално за Свети Никола кои што Ковачевски морал да ги изеде за да добие лајкови на социјалните мрежи.