КОВАЧЕВСКИ Е СЛУГА НА АХМЕТИ, ЛЕВИЦА СЕ ФОЛИРАНТИ, ИЗБОРИТЕ СЕ РЕШЕНИЕ Постбожикен рафал на ВМРО-ДПМНЕ
„Ковачевски е слугата на Ахмети, патрон на бизнис интересите и фолирантите од Левица, изборите се решение“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски е заробеник на Ахмети, цела година помина буквално како до сега, со криминал и корупција. Ковачевски ги штити сите луѓе на Ахмети, од Груби, Османи до Буши, затоа што знае дека само тој го држи на премиерското столче“, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Ковачевски станува и „поданик на фолирантите од Левица, со кои е во коалиција во град Скопје и на многу други места“.
„Владата на Ковачевски е проблем за Македонија, само предвремени парламентарни избори се решение и излез од коалицијата на која матните зделки и тендери им се пред се“.