КОВАЧЕВСКИ Е СЛЕП ПОСЛУШНИК НА ЗАЕВ Мицкоски смета дека само на избори новиот лидер на СДСМ ќе излезе од сивилото
Затоа и Ковачевски ќе биде добро да излезе на избори. Добро ќе биде за него да излезе од сивилото на Заев и да побара поддршка од граѓаните, да излезе на избори и да каже што ќе работи и да граѓаните да кажат што мислат за програмата и тоа што мисли да го работи, посочи Мицкоски.
Од тоа што го слушам во јавноста политиките се исти што ќе ги води Ковачевски. Јас не видов тој да каже ова ќе го работам, од ова ќе се оградувам“, рече лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски во интервју за емисијата „Само вистина“ што се емитува на телевизија Канал 5.
– Првиот впечаток е дека тој, Димитар Ковачевски се поклонува на заевизмот и политиките на Заев. Ако тој е слеп поклоник на политиките на заевизмот тогаш се е исто. Погледнете каков декор е. Каков декор беше на средбите со Заев во Елбасан – рече Мицкоски.
Според него сега нема ништо ново, туку само слеп поклоник и послушник на политиките на Заев.
– Затоа и за него ќе биде добро да излезе на избори. Добро ќе биде за него да излезе од сивилото на Заев и да побара поддршка од граѓаните, да излезе на избори и да каже што ќе работи и да граѓаните да кажат што мислат за програмата и тоа што мисли да го работи – посочи Мицкоски.
Мицкоски во текот на емисијата посочи дека неговата последна комуникација со Заев била поврзана со договорот со источниот сосед.
– Па имавме една комуникација, кога се проструи во јавноста дека се преговара за спорот со нашиот источен сосед. Во таа комуникација, сега е непристојно јас детали да вадам, но генералната моја поента беше да не попушта на притисоците бидејќи македонскиот народ и македонската држава немаат веќе што да даваат, ниту пак што да губат. И дека тука сум јас, тука е и ВМРО-ДПМНЕ ако му треба поддршка во таа одбрана на македонскиот идентитет, дека му стоиме на располагање – истакна Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека реакциите на СДСМ за одлуката пуштањето од притвор на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков е ништо друго освен евтин театар кој го приредуваат во јавноста.
– Евтин театар и обид на луѓето кои го водат правосудството во државата која е 111 место според Транспаренси Интернешнл според перцепцијата за корупција и криминал да се исперат. Во текот на денот колку што видовме пак се бара мерка притвор за друго дело – истакна Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека ќе гледаме вакви евтини театри кога тоа ќе им биде потребно на СДСМ, на Зоран Заев или на луѓето кои се во раководството на СДСМ.
– Ако правите анализа што најмногу ги тишти нашите сограѓани и ќе видите дека од првите пет приоритети, три се економски теми. Следните две се криминалот и корупцијата, па доаѓа образование, па доаѓа здравство. Значи тоа е едно огромно мнозинство од наши сограѓани кои што велат ова се моите најзначајни проблеми со кои што соочувам. И ние како политичари кои што имаме редовна анализа, мерења, месечно по два пати, една теренска и една телефонска анкета, овие атрибути сериозно ги анализираме и се обидуваме да најдеме решение – Мицкоски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Мицкоски додаде дека за да се решат проблемите во државата потребни се и умните глави.
– И велиме ајде да се обидеме и покрај нашите капацитети и можности внатрепартиски да ги повикаме и умните глави во општеството кои што седат настрана и кои што не сакаат да бидат дел од ваа наша политичка кал или мочуриште како сакате наречете го, да ја отвориме партијата, да ги отвориме вратите, да ги поканиме и да испровоцираме од нив некои решенија кои што ние популарно ги велиме надвор од кутијата – рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека кога сте внатре во кутијата опкружени со луѓе кои што се само дел од структурата не можете да видите нешто што тие умни глави кои што се надвор од структурата го гледаат. Токму тие умни глави се потребни за развој на Македонија.