КОВАЧЕВСКИ ДА СЕ ОГРАДИ ОД ПРИКРИВАЧИТЕ НА УБИСТВОТО Од ВМРО-ДПМНЕ бараат премиерот и најостро да ги санкционира
Опозицијата бара премиерот најостро да ги санкционира во согласност со законите на оваа земја, а во спротивно ќе смета дека СДСМ и Ковачевски лично се директни учесници во овој грозоморен чин.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува премиерот Димитар Ковачевски да се огради од оние, како што велат, што се обидоа да го прикријат убиството на ракометарот на РК „Бутел“, Денис Тот. Опозицијата бара премиерот најостро да ги санкционира во согласност со законите на оваа земја, а во спротивно ќе смета дека СДСМ и Ковачевски лично се директни учесници во овој грозоморен чин.
„Убиството на ракометарот на РК „Бутел“ ниту една разумна личност не би го оправдала. Клучната тема во овој трагичен настан, кој најостро го осудуваме е зошто владата на Ковачевски се обиде убиството на хрватскиот ракометар да го прикрие како да не се случило?!“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Зарем беа толку наивни да поверуваат дека вистината нема да се дознае? Дали има нешто повеќе и нешто друго поради што Ковачевски и кадрите на СДСМ се одлучија на овој катастрофален чекор на прикривање убиство?! Жално е кога, денес како луѓе што дојдоа на бранот на борбата за фер и транспарентни институции, ги гледаме во едно крајно лошо светло како соучесници и џелати на правдата и вистината во Македонија!“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.