Костовски ги повика институциите да отворат истрага за стечајот на Еуростандард банка
Сопственикот на банката, како што наведува, ги моли институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас.
Сопстеникот на Еуростандард банка Трифун Костовски денеска упати јавен повик до институциите да отворат истрага за стечајот на Еуростандард банка.
Во повикот кој тој го упати до претседателот на Собранието, Обвинителството за организиран криминал, .Антикорупциска комисија и Министерството за внатрешни работи, тврди дека одлуката за стечај на банката изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и има многу нејасностии при носењето на одлуката.
„Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас“, наведува Костовски во јавниот повик.