КОСТЕНИ, ПЕЧЕНИ, ВАРЕНИ, ВО ДЕСЕРТ И ВО СУПА Вашето ново омилено јадење
Чинија полна со крем супа од костени е вистинско есенско уживање.
Ако ги сакате костените, уживајте додека ги има и консумирајте ги во разни варијанти. Сигурно уживате во мирисот на печените костени, но тие имаат да ни понудат и многу повеќе? Како и повеќето јаткасти плодови, така и костените имаат голема хранлива вредност и многу здравствени бенефити.
Костените се одличен извор на витамин Ц и фолна киселина. Богатството од Б-витамини, кое се наоѓа во костените, ги зајакнува мозочните функции и меморијата, а севкупно ја подобрува активноста на мозокот и придонесува за здрав нервен систем.
Повеќе за ова и рецептот за крем супа од костени побарајте на порталот „Арт кујна“.