КОСТАДИНОВ ГО ОДМРЗНА ЧЛЕНСТВОТО ВО СДСМ Единството бара подавање рака

Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно, напиша Костадинов велејќи дека единството бара подавање рака, но и држење до принципите.

2

Поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов објави дека го одмрзнал членството на СДСМ. Одлуката на Костадинов доаѓа откако во јули тој го замрзна членството поради одлуката на лидерот на партијата, Венко Филипле за кандидат за градоначалник да го поддржи општинскиот претседател на партијата, Марјан Даскаловски.

По доволно поминато време и по донесена лична одлука, одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ, објави на својот фејсбук-профил поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.






„Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување. Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно. Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во имe на секој еден социјалдемократ“, порача тој.

 

Поврзани содржини