Костадинов ги навреди граѓаните, твитерџиите го подбраа (ФОТО)
Со зборови кои на социјалните мрежи обично се употребуваат за да се етикетираат и да се навредат приврзаниците на опозицијата, како и сите критичари на политиките на власта, Костадинов предизвика гнев кај поголем број граѓани.
Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, преку социјалната мрежа Твитер навреди погоплема група луѓе.
Со зборови кои на социјалните мрежи обично се употребуваат за да се етикетираат и да се навредат приврзаниците на опозицијата, како и сите критичари на политиките на власта, Костадинов предизвика гнев кај поголем број граѓани.
„Додека ВМРАНАТА и НЕУТРОВМРАНАТА плукаат и колнат, би сакал да ве известам дека го спремаме шестиот сет на економски мерки за граѓаните”, напиша Костадинов.
Но, ниту твитерџиите не му останаа должни, па веднаш го „подбраа“ во коментарите:
и вмраната и неутровмраната се граѓани и ти како пратеник ги претставуваш и нив и зимаш плата од нив. Остај твитерџиска терминологија и работи си ја работата за која си платен од сите граѓани
— Slobodan Jakoski (@FlavrSavr) April 19, 2021
Платата на сметката ти е од неутровмрани, вмрани, комуњари, неутрокомуњари и остали. Онака, во случај да забегате како онај во Будимпешта.
— Impetigo (@gadz0) April 19, 2021
Не е боље со парите од тие пакети мерки да набавите вакцини и да нема веќе вакви циркуси ко со заразената пратеничка? Ако нема вакцини ќе треба 100 пакети/сетови мерки да носите и пак џабе. Си полните џеб вие, ве заболе за јавното здравје 🙂
— г. Влатко Вердер (@Vlatko_Werder) April 19, 2021
Каков е овој речник од висок владин функционер? Како смеете така да ги нарекувате луѓето? Зошто наместо живот за сите, Вие сте фактор на омраза и поделби?
— Solza (@Solza32157052) April 19, 2021
Од неутровмраната плата земаш бе сељачиште едно!!
— ОбиченЧовек (@Neutralniot) April 19, 2021