Костадинов до Мицкоски: Се задолживме да зачувавме 120.000 работни места, а кај бизнисите и граѓаните завршија 200 милиони евра

Портпаролот на СДСМ тврди дека  со парите со кои се задолжи  и го направи дефицитот во буџетот на државата зачувал над 120,000 работни места со обезбедување на минимална плата за вработените во износ од 90 милиони евра, додека кај граѓаните се слеале 200 милиони евра.

461

Во време на најголемата глобална здравствена и економска криза, задолжувањата беа со една единствена цел – да осигураме непречено функционирање на економијата, редовна исплата на пари кон граѓаните, плати, пензии, социјални трансфери, како и справување со здравствените, но и со економските предизвици од кризата со ковид-19 вирусот, реагира СДСМ на кажаното од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  на денешната прес-конференција посветена на економската состојба во земјава.

Мицкоски обвини дека владата на СДСМ не успеала да се справи со здравствената криза, државата се задолжила, но економијата е доведена до колапс.






Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов рече дека  со парите со кои се задолжи владата и го направи дефицитот во буџетот на државата зачувала над 120.000 работни места, додека кај граѓаните се слеани 200 милиони евра.

–  Со обезбедените средства зачувавме над 120,000 работни места со обезбедување на минимална плата за вработените во износ од 90 милиони евра. Вкупно 13 милиони евра обезбедивме за бескаматни кредити за поддршка на македонските компании од најпогодените сектори, како и 51 милион евра евтини кредити за домашните компании за поуспешно справување со корона кризата. 30 милиони евра обезбедивме за граѓаните преку платежните картички, со која ја зголемивме приватната потрошувачка а со тоа го подржавме и домашното стопанство. Обезбедивме и речиси 12 милиони евра ваучери за граѓаните со што го поддржавме домашниот туризам и компаниите од туристичкиот сектор.До овој момент, Владата предводена од СДСМ, осигура да се влеат преку 200 милиони евра кај граѓаните и домашното стопанство. Помошта за граѓаните и економијата ќе продолжи и во следните месеци и веднаш по формирањето на новата Влада – рече Костадинов.

Во врска со обвинувањата на Мицковски за несразмерен пораст на јавниот долг тој рече дека  Мицкоски треба да се потести дека во 2007 година вкупниот јавен долг бил 1,7 милијарди евра.

– Во 2016 година, девет години по криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 4,7 милијарди евра. Тоа се 3 милијарди евра повеќе, односно 6,000 евра долг по семејство.Притоа секое семејство беше посиромашно и со пониски примања, наспроти секоја претходна година. За разлика од тогаш во  2020  задолжувањето се прави за справување со најголемата светска здравствена и економска криза и притоа истите се користат за да се поддржи секој еден граѓанин и секако да се поддржи домашната економија. Платите растат, приходите кај граѓаните се зголемуваат, се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните – рече Костадинов.

Тој дека податоците за поврзани со буџетските приходи и расходи се јасни.

– Приходите во јули во буџетот на државата не само што се над сите оптимистички сценарија туку го надминале и износот кој од даноци е наплатен во истиот месец од 2019 година. Откако покажа дека не знае економија, губитникот Мицкоски нека се занимава со решавање на проблемите внатре во сопствената партија. На 15 јули народот не му даде власт ниту нему ниту на неговата нереформирана и корумпирана ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ, како одговорна партија во следниот четиригодишен мандат ќе покаже како се работи одговорно и посветено во интерес на државата, граѓаните и економијата. Ќе покажеме дека можеме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите – рече Костадинов.

Поврзани содржини