КОСОВСКИ ВОЗАЧ НАПРАВИЛ ПУЗДЕР НИЗ СКОПЈЕ Удрил во пет возила, три контејнери и еден семафор…

Возачот, кој бил привремено сместен во Арачиново, бил примен на лекување со повреди, а засега нема информација што е причината за неговото дивеење во сообраќајот.

3,156

Завчера попладнето на улицата „Григор Прличев“ во Скопје се одиграл вистински сообраќаен карамбол. „Сеат“ со скопски таблички, зад чиј волан бил 52-годишниот С.Р. од Косово, со привремен престој во Арачиново, изгубил  контрола на возилото и редел како по список – најпрво удрил во три паркирани автомобили („цитроен“, „шевролет“ и „пежо“), па во три контејнери, а потоа и во „сузуки“ во движење, управувано од 24-годишен скопјанец.

Но приказната тука не завршила. Возачот продолжил да вози сè до крстосницата меѓу булеварите „Крсте Петков Мисирков“ и „Гоце Делчев“, каде што налетал на семафор и на уште едно возило во движење – „ауди“, управувано од 29-годишниот С.Г. од Долно Лисиче.






Во низата судири најтешко поминал токму возачот на „сеатот“, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. За случајот е известен јавен обвинител, а на терен увид извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини