КОСОВСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ УАПСЕНИ ВО ЦЕНТРАЛНА СРБИЈА Со себе имале автоматско оружје, ГПС-уреди и друга опрема

Како што пренесуваат медиумите, приведени се Рифат Зека, Беќир Сефа и Мустафа Шем.

1,147

Припадниците на специјалните единици на српската полиција денеска уапсија тројца вооружени косовски специјалци во шума на територијата на централна Србија, неофицијално е потврдено за РТС, пренесува српскиот Н1.

Сите тројца уапсени биле вооружени со автоматско оружје и во целосна воена опрема со ГПС уреди, мапи и друга опрема.






За оваа акција итно бил известен шефот на државата Александар Вучиќ, кој бил во руската амбасада, каде присуствувал на приемот по повод одбележувањето на Денот на Русија, а по добиената информација се упатил кон зградата на Претседателството.

Како што пренесуваат медиумите, приведени се Рифат Зека, Беќир Сефа и Мустафа Шем.

Сѐ уште не се знае каде отишле и зошто биле вооружени.

Поврзани содржини