КОСОВСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ДОБИВА СМРТНИ ЗАКАНИ Заканувачот не го крие своето име и презиме

И покрај десетиците закани – повеќето по живот – со години не е преземена никаква акција против сторителите, рече Беким Купина, советник на косовската претседателка Вјоса Османи.

537

Косовската претседателка Вјоса Османи добила смртни закани, изјави нејзиниот советник за медиуми Беким Купина.

Во соопштението за медиумите, тој рече дека „последната закана добиена неделава е продолжение на тековните закани по живот на претседателката Османи“.






Купина ги критикуваше органите на правосудството поради нивното „непостапување“ во овие случаи.

– И покрај десетиците закани – повеќето по живот – со години не е преземена никаква акција против сторителите – рече тој.

Купина наведе дека во „повеќето случаи“ заканите биле упатени со „име, презиме и препознатлив профил на сторителот“, но не изнесе повеќе детали за заканите и сторителите.

– Некои закани се упатувани дури во телевизиски емисии, но дури и тогаш немаше акција за креаторите на заканите да бидат повикани на одговорност – нагласи тој.

Според неговите зборови, случајот на „последователни закани по живот на претседателката и на нејзиното семејство е единствениот во историјата на институцијата, како што ни кажаата од безбедносните институции, во кој никој од креаторите на заканите не излегол пред лицето на правдата“.

– Оваа опасна клима ги охрабрува другите да го следат истиот пример: потиткнување насилство, повици на физичка елиминација и целосно запоставување на уставниот поредок – рече Купина.

Поврзани содржини