КОСОВО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА Енергетската криза ќе се решава со посебни мерки

Итните мерки за справување со кризата ќе бидат на сила до 60 дена, а предвидени се и механизми за воведување на ограничувања со снабдувањето на електрична енергија, како и наметнување на посебни обврски на производителите и дистрибутерите на струја.

670

Парламентот на Косово прогласи вонредна состојба, со што го прифати предлогот на владата за воведување вонредни мерки, со кои ќе треба да се изнајдат решенија за справување со енергетската криза.

Одлуката, со која намалувањето на електричната енергија се легализира на одреден период, ја поддржаа 57 од народните пратеници, додека 17 беа воздржани при гласањето.






Итните мерки за справување со кризата ќе бидат на сила до 60 дена, а предвидени се и механизми за воведување на ограничувања со снабдувањето на електрична енергија, како и наметнување на посебни обврски на производителите и дистрибутерите на струја.

Надлежното министерство наскоро ќе треба и јавно да ги обзнани и задолжителните рестриктивни мерки.

 

Поврзани содржини