КОСОВО НЕМА СТРУЈА, ЌЕ ЗАБРАНУВА КОПАЊЕ КРИПТОВАЛУТИ Тешки денови за балканските биткоин-рудари

Еден копач од Косово, кој сакал да остане анонимен, за Ројтерс изјавил дека месечно плаќал околу 170 евра за електрична енергија, а истовремено заработувал 2.400 евра од рударството. Трошејќи струја Косово ја оптовари и европската мрежа.

802

Косовската влада објави забрана за ископување криптовалути за да се намали потрошувачката на електрична енергија бидејќи се справува со тешка енергетска криза. Косово беше принудено да воведе рестрикции на струја во декември поради ниското домашно производство и високите цени на увозот, а сега на ред дојдоа и копачите на крипто, пишува СиликонРепаблик. Тие сега бараат начин како да го препродадат својот биткоин или да го преместат во други земји.

Еден од нив, кој сакал да остане анонимен, за Ројтерс изјавил дека месечно плаќал околу 170 евра за електрична енергија, а истовремено заработувал 2.400 евра од рударството. Трошејќи струја Косово ја оптовари и европската мрежа.






– Овие обврски имаат за цел да го решат секој ненадеен или долгорочен недостаток на капацитет за производство на енергија, пренос или дистрибутивен капацитет со цел да се надмине енергетската криза без дополнително влошување на граѓаните на Република Косово – рече косовскиот министер за економија Артане Ризваноли.

 

Косово добива и до 90 отсто од својата енергија од домашно производство на јаглен, но неодамнешните технички дефекти и студеното време предизвикаа проблеми со снабдувањето, принудувајќи ја земјата да увезува околу 40 отсто однадвор. Последните денови пред Нова година луѓето во Косово ги поминаа во мрак.

Струјата на Косово до неодамна беше најевтина во Европа, па многу млади луѓе се свртеа кон рударењето со криптовалути.

Инаку, земено за цел свет, ископувањето биткоин годишно троши повеќе струја отколку една Финска, а тоа е 91 терават-час електрична напиша лани Њујорк Тајмс.

Поврзани содржини