КОСОВО МУ ДОЗВОЛИ НА ПОРФИРИЈ ДА БОГОСЛУЖИ ЗА БОЖИК Курти го прифатил барањето на министерот Рашиќ

Порфириј ќе дојде на Косово како дел од подготовките за прославата на православниот Божиќ.

328

Премиерот Албин Курти му даде дозвола на српскиот патријарх Порфириј денеска да го посети Косово, соопшти Владата на Косово. Во соопштението од кабинетот на премиерот, се вели дека министерот за заедници, Ненад Рашиќ, побарал дозвола за посета на српскиот патријарх, што Курти ја прифатил.

Порфириј ќе дојде на Косово како дел од подготовките за прославата на православниот Божиќ.






Според соопштението, српскиот патријарх првично рекол дека сакал да влезе во Косово без телохранител и посетата не ја барал според одредбите на постоечките договори меѓу Косово и Србија.

На 26 декември на патријархот Порфириј му беше забранет влез во Косово.

Поврзани содржини