КОСОВО Е СПРЕМНО ЗА НОВИ ИЗБОРИ НА СЕВЕРОТ Претседателката Османи разговараше со Шолц и со Макрон

Тоа не се прави веднаш, но има законски процедури што им овозможуваат на граѓаните да одлучат дали сакаат избори, изјави Османи по заедничката средба со Макрон и Шолц на самитот на Европската политичка заедница во Молдавија.

660

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, дека косовските власти се подготвени да го разгледаат барањето на лидерите на Франција и Германија за одржување нови локални избори во четири општини на северот на Косово.

Бидејќи францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц изјавија дека денеска во Молдавија  апелирале до Србија и Косово што поскоро да организираат нови избори на северот на Косово, со учество на Срби, Османи рече дека им кажала дека законските процедури дозволуваат одржување нови избори.






– Тоа не се прави веднаш, но има законски процедури што им овозможуваат на граѓаните да одлучат дали сакаат избори – изјави Османи по заедничката средба со Макрон и Шолц на самитот на Европската политичка заедница во Молдавија.

Османи на Твитер напиша дека разговарала со Макрон и Шолц за последните случувања на Косово и „заедничките напори за мир, безбедност и стабилност“.

Макрон и Шолц денеска имаа заедничка средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

По тие средби со Вучиќ и Османи, Макрон изјави дека е договорено во наредните недели да се донесе „јасна одлука“ за ситуацијата на северот на Косово.

Поврзани содржини