КОСОВО Е ПРЕПУШТЕНО НА СВОЈАТА СУДБИНА, ПРАВИ НЕПРОСТЛИВИ ГРЕШКИ Американците го зголемија вниманието кон Србија, оценува Паскал Миљо

Косово не може да преживее без силна поддршка од меѓународниот фактор. Мора да се откаже од неостварливите амбиции. Она што Курти и неговата партија го имаат на ум за Албанците во регионот и регионалната политика нема да се случи, вели поранешниот министер за надворешни работи на Албанија и универзитетски професор, Паскал Миљо.

137

Кавгите на политичките елити во Косово не привлекуваат внимание, а фокусот на Американците е пренасочен кон Србија, оценува поранешниот министер за надворешни работи на Албанија и универзитетски професор, Паскал Миљо.

– Косово не претставува вест што треба да се прикажува во ОН, лошите вести се оние што се шират најбрзо. Косово достигна точка на заситеност и не привлекува внимание, само ако се случи поголема криза. Внатрешните кавги на политичката елита повеќе не привлекуваат внимание, а Косово, колку што судам од дистанца, е препуштено на својата судбина. Србија го зголеми својот потенцијал, а вниманието на САД кон Србија се зголеми. Србија е земја што има поголема тежина во западните пресметки – оценува Миљо.






Додава дека „целта е Србија да се отцепи од руското влијание“.

– Западњаците, но и Американците, грешат ако мислат дека ќе го одвлечат Вучиќ на нивна страна, не можат да ја избришат историјата и да ја одвојат Србија од Русија, а не можат да ја одвлечат и од Кина, затоа што таа стана економски донатор на Србија. Тој си игра со САД, ЕУ, Русија, но и со Кина, тоа е вештина. Тој си игра со овие четири главни центри на светската политика – смета Миљо.

Посочува дека Косово долго време прави големи, непростливи стратешки грешки.

– Косово не може да преживее без силна поддршка од меѓународниот фактор. Мора да се откаже од неостварливите амбиции. Она што Курти и неговата партија го имаат на ум за Албанците во регионот и регионалната политика нема да се случи. Една мала земја е принудена да има сојузник за да преживее – нагласи Миљо.

Поврзани содржини