Косовец починал на бензинска пумпа во Чаир

396

Во СВР Скопје, вчера било пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Јадранска магистрала“ бил пронајден починат Б.Р.(56) од Р.Косово.

– Полициски службеници од Полициска станица Чаир излегле на местото на настанот, а од лекар на Итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, соопшти МВР.

 

Поврзани содржини