📽️ КОРСЕТ ОД ЧИПКА, ДЕКОЛТЕ И ГОЛ СТОМАК Милица Тодоровиќ „грми“ на настап во многу провокативно издание

Српската пејачка Милица Тодоровиќ неодамна се најде во центарот на вниманието кога беше уапсен хрватскиот бизнисмен Марио со кој беше во врска.

533

Српската пејачка Милица Тодоровиќ неодамна се најде во центарот на вниманието кога беше уапсен хрватскиот бизнисмен Марио со кој беше во врска.

Таа се огласи за да се огради од сè, а со новите објави покажува како ужива во своите настапи и дека изгледа подобро од кога било. Во една од нејзините објави што ги сподели на својот профил таа се појавува во многу провокативно издание.






Милица ставила и екстензии, па косата ја кренала во високо опавче и како и секогаш, атмосферата ја довела до вжештување.

Да потсетиме, пејачката минатата недела се огласи преку Инстаграм. Иако во моментот кога се појавија информациите дека е во врска со споменатиот бизнисмен не се огласуваше да ги демантира, Милица пред неколку дена се огради од Марио, кој беше приведен во нејзината населба. Сепак, фотографиите од „Папарацо лов“ покажаа дека биле блиски.

– Драги мои луѓе, добар ден. Како што можете да видите, не сакав да се огласувам во првите 24 часа, но кога видов колку далеку отишло, морав да се обратам. Сакам да кажам дека немам никаква врска со овој настан, бидејќи веќе извесно време не сум во љубовен однос. Жал ми е, но така е. Се случуваат и добри и лоши работи, што да правиме, таков е животот. Одиме понатаму, насмевка – рекла таа и испратила бакнеж кон камерата.

Поврзани содржини