Коронавирусот во земјава е присутен од декември? Починатата велешанка позитивна на ковид-19

Извори на „Алсат-М“ велат дека 79-годишната жена од семејството Маноилови починала како резултат на вирусот, додека нејзиниот син, кој исто така бил пронајден мртов, бил негативен на тестирањето.

2,278

Жената од Велес која беше пронајдена почината во домот, заедно со својот син, пред неколку дена, била позитивна на новиот коронавирус, објави „Алсат-М“.

Извори на „Алсат-М“ велат дека 79-годишната жена од семејството Маноилови починала како резултат на вирусот, додека нејзиниот син, кој исто така бил пронајден мртов, бил негативен на тестирањето.






Од Основното обвинителство од Велес велат дека обдукцијата на жртвите завршила и оти сега се чека токсиколошката анализа. Соседите велат дека институциите не спровеле епидемиолошки анкети со жителите на зградата.

Случајот предизвикува сомнежи дали можеби вирусот ковид-19 е активен уште од декември, за што се дискутираше и на тогашниот состанок на Комисијата за заразни болести.

Поврзани содржини
na