Коронавирусот се врати во Вухан
Освен новите пет случаи во Вухан, три се забележани во провинцијата Јилин, еден во Лиаонинг и еден во провинцијата Хеилонгијанг.
Кинескиот град Вухан потврди пет нови случаи на коронавирус во време кога Кина бележи благ раст на бројот на заразени. Кинеските власти денеска соопштија дека вкупно се потврдени нови 17 позитивни случаи во земјата, односно три случаи повеќе од вчерашниот ден.
Од новите случаи, седум се поврзани со прекуморски патувања, додека, пак, се верува дека преостанатите 10 случаи се резултат на локално пренесување.
Освен новите пет случаи во Вухан, три се забележани во провинцијата Јилин, еден во Лиаонинг и еден во провинцијата Хеилонгијанг.