КОРОНАВИРУСОТ ЌЕ НАПАЃА И ДЕЦА НА ПРЕДШКОЛСКА ВОЗРАСТ Српски епидемиолог предупредува на нови мутации

Лекарите објаснуваат дека вирусот се прилагодува и дека младите луѓе на почетокот воопшто немале рецептори за вирусот. Тој во меѓувреме мутираше и сега напаѓа и млади луѓе.

2,014

Коронавирусот досега доминираше кај млади на возраст од 20 до 39 години, а наскоро се очекува да ги зафати и децата и младите на возраст од 10 до 19 години, по што следуват и децата од предучилишна возраст. Додека сите не поминеме низ оваа епидемија, таа нема да заврши, предупредува епидемиолог проф. д-р Владимир Петровиќ, директор на Институтот за јавно здравје во Војводина.

– Апсолутно се согласувам со д -р Петровиќ. Имаме само две можности – или ќе бидете вакцинирани, или ќе бидете заразени. Пандемијата ќе се прошири на сите возрасти – смета д -р Томислав Радуловиќ.






Тој објасни дека вирусот се прилагодува и дека младите луѓе на почетокот воопшто немале рецептори за вирусот. Тој во меѓувреме мутираше и сега напаѓа и млади луѓе.

– Работата е многу едноставна: Додека ние се бориме против него, тој бара начин да преживее. Ќе се појават нови видови што ќе влијаат на други групи луѓе – вели докторот кој смета дека предупредуањата на експертите кои велат дека во опасност се и децата од предшколска возраст се сосема оправдани.

Оттаму, некои вакцини се одобрени за возраст од максимум 12 години и многу родители ги вакцинираа своите деца. Првата доза досега ја примиле 5.800 деца на возраст од 12 до 18 години.

Поврзани содржини