Коронавирусот ја погоди и индустријата со дијаманти

Затворањето на границите и воведувањето вонредна состојба во многу држави во светот, ја погоди и трговијата со дијаманти.

361

Рускиот производител на дијаманти, „Alrosa“ соопшти дека продажбата на компанијата во март е намалена за 60 проценти во однос на истиот месец во 2019 година.

Како што стои во соопштението, причината за пад на побарувачката е поради ширењето на заразата со ковид-19.






Затворањето на границите и воведувањето вонредна состојба во многу држави во светот, ја погоди и трговијата со дијаманти, која традиционално подразбира многу патувања, пренесува „Reuters“.

Компанијата „Alrosa“, која е најголем светски производител на сурови дијаманти, мерено со карати, се обиде делумно да ги компезира последиците од актуелната криза нудејќи можности за интернет трговија и поповолни услови за плаќање во март.

Поврзани содржини
na