КОРОНАТА ВЛИЈАЕ И НА НАШИОТ СЛУХ Од зуење до целосно губење на сетилото
Губење на слухот, тинитус и вртоглавица се трите најчести симптоми кои пациентите ги развиваат од тешкиот ковид-19, а нашите уши се и те како погодни за навлегување на вирусот, покажала студијата.
Неброени случаи со губење на мирис, вкус, проблеми со потенцијата и со потечени прсти на нозете поради коронавирусот пријавуваат луѓе низ светот, а сега е официјално дека болеста влијае и на нашиот слух и ушен канал. Значи, не е време да си позајмуваме слушалки за мобилен или лаптоп со пријателите, пишува ИФЛ Наука.
Аудитивни нарушувања како што се губење на слухот и т.н. тинитус, зуење во ушите, се пријавени од луѓе инфицирани со САРС-КоВ-2, патогенот што ја предизвикува болеста ковид-19. Тоа е исто така поврзано со тешкотии во рамнотежата, нешто што може да се случи кога работите ќе тргнат наопаку во нашите уши.
Нашите уши се погодни за влез на короната
За да се испита дали коронавирусот навистина се меша со нашите звучни клапи, нов труд објавен во списанието „Communications Medicine“ разгледа 10 пациенти со ковид-19 кои имале проблеми со ушите, а потоа ги споредиле резултатите со оние добиени од внатрешноста на уши на глувци.
Нивниот резултат покажал дека нашето ушно ткиво е дом на нешта кои се нарекуваат ACE2 рецептори, практично влезни точка за патогенот SARS-CoV-2. Овие рецептори исто така доаѓаат во комплет со TMPRSS2 и FURIN, два кофактора потребни за успешното навлегување на вирусот.
Ковид-уво, посебен тип на ковид
Значи, што може да очекуваат да искусат заболените од ковид-уво? Студијата разгледува само 10 пациенти, што не е доволно голема големина на примерокот за генерализирање. Сепак, за оваа група поврзаните симптоми на ковид-19 биле прилично слични. Тие вклучувале губење на слухот, тинитус и вртоглавица.
Како се развива ковид-уво?
Што се однесува до тоа како се појавуваат овие симптоми, студијата идентификуваше три начини преку кои ковид-19 може да ги оштети ушите. Прво, вирусот ги инфицира и ги убива кохлеарните влакнести клетки кои се клучни за слухот. Второ, тој ги инфицира и ги убива вестибуларните влакнести клетки, ситните влакна кои откриваат промени во движењето како што се вртење на главата, забрзување или забавување.
И конечно, трет начин на кој вирусот влијае на нашите уши е што влегува и ги заразува примарните аферентни аудитивни и вестибуларните нервни клетки. Тоа се два типа клетки кои го враќаат сигналот дека нешто сме слушнале назад до нашиот мозок.