КОРОНАТА „УБИ“ ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО НА АНТИВАКСЕРИ Френсис ги загуби татко му (73), мајка му (65) и братот (40) затоа што одбиле да се вакцинираат!

Откако остана без татко, мајка и брат, Френсис сега ги моли другите луѓе да не станат жртви на пропагандата и да не паднат во стапица, туку да се вакцинираат.

1,836

Френсис Гонкаулес ниту во својот најлош кошмар не можеше да сонува дека ќе го загуби целото семејство на таткото Базил (73), мајката Чарманија (65) и братот Саул (40), кои починаа како последица од корона во минатиот јули, а како што тврди Френсис, тие станаа жртви на анти-ваксерите и одбиле да се вакцинираат.

Откако остана без татко, мајка и брат, Френсис сега ги моли другите луѓе да не станат жртви на пропагандата и да не паднат во стапица, туку да се вакцинираат.






– Тие се фатени во стапицата на голема пропаганда против вакцинацијата. Тие ги бркаат луѓето кои се плашат од вакцината и ги принудуваат да паднат во нивната стапица – додал тој во приказната објавена од Дејли Меил.

Френсис додава дека е несфатливо некој да верува во приказната дека владата сака да повреди некого со вакцинација.

– Зошто владата би сакала да ве повреди со давање вакцина? Која е поентата од тоа? Разговарав со толку многу луѓе кои се плашат од вакцината што ќе спаси живот – вели тој.

Френсис рече дека иако неговата мајка имала здравствени проблеми, неговиот татко неодамна бил во болница поради проблеми со камен во бубрезите. Тој додава дека бил особено шокиран од смртта на неговиот брат кого го опишал како „најздравата личност“ што ја познава.

Френсис верува дека вакцината ќе го спасела животот на неговиот брат.

Како сето тоа започна

Во приказната објавена од Дејли Мејл, Френсис рече дека неговата агонија започнала на 8 јули додека родителите на Френсис беа со неговиот брат Саул во стан што го делеше со неговата девојка (патем, сите тројца живееја во Португалија, додека Френсис беше единствениот во Велика Британија). Два дена подоцна, сите четворица почнаа да се чувствуваат лошо. Според Френсис, Саул се чувствувал потежок и многу уморен. Тој одлучи да се тестира против ковид-19, а тестот покажал дека е позитивен.

Неговите родители тоа попладне завршиле во болница. Потоа, како што вели, добил порака од неговиот татко дека е примен во болница. Бидејќи Френсис беше далеку, тој не можеше да дојде. Во средата, 14 јули, следеше шок кога добил информација дека неговиот татко е сменет во единицита за интензивна нега. Френисис додава дека планирал да лета во Португалија и да разговарала со неговиот брат, но дека нема информации за неговиот татко.

Френисис додава дека здравствената состојба на неговиот брат исто така се влошила. Додека чекал да се најде тестот за да може да патува во Португалија, бил известен дека неговиот брат итно бил пренесен во болница. Околу еден часот по полноќ на 18 јули, тој бил информиран дека неговиот брат починал. Во вторникот, 20 јули, болницата го повикала Френсис, кој во меѓувреме ангажирал адвокатска канцеларија во Португалија да му помогне во уредувањето на погребните документи, дека починал и неговиот татко.

Шок по шок

Следниот ден, Френисис успеа да полета за Португалија за да ја види својата мајка и да организира сѐ за погребот на неговиот брат и татко. Кога пристигнал, дознал дека и неговата мајка, која инаку има автоимуна болест, се бори со вирусот и дека е во вештачка кома.

– Потоа, во саботата, на 24 јули, добив телефонски повик од лекар кој ми рече дека пробале сѐ и дека следните неколку часа ќе бидат критични. Подоцна истата вечер, добил повик дека и таа починала – додава тој.

Една недела подоцна, во неделата, 1 август, сите тројца членови на семејството беа погребани еден до друг на гробиштата во Лисабон наречени Сао Жао, каде што дел е посветен на смртни случаи поврзани со ковид-19.

Френсис рече: „Тие се закопани таму каде што се закопани сите починати од коронавирусот. Тие рекоа дека за време на ковид-19 никогаш немале погребано три тела од исто семејство“.

– Прашав за подоцнежната ексхумација на телата и нивното пренесување некаде надвор од посветената зона на ковид-19. Ми рекоа дека, за жал, немаат намера да ги преместат. Беше навистина страшно – објаснува тој.

Френсис рече дека неговото искуство е крајно болно. Тој рече дека неговото семејство е „мало и блиско“, но дека неговата мајка, татко и брат имале позитивно влијание врз животот на многу други околу нив. Френсис рече дека израснал во Јужна Африка и дека неговиот брат му помогнал на семејството да се пресели во Кардиф во 2015 година за да го избегне насилството во регионот.

Една година подоцна, неговите родители и брат се преселиле во Португалија, од каде потекнува неговиот татко.

Поврзани содржини