КОРОНАТА НЕ МИРУВА ВО КИНА Во еден ден се регистрирани над 24.000 нови случаи

Кинеските власти денеска соопштија дека се регистрирани 24.263 нови случаи на заразени со коронавирусот, од кои 515 се во Пекинг.

117

Поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот во Пекинг се затворени продавниците, освен оние во кои се продаваат најосновните артикли, како и рестораните, а дозволата за изведување настапи во еден од најстарите и најпознатите театри во главниот град на Кина, Јичијанг, е одложена.

Кинеските власти денеска соопштија дека се регистрирани 24.263 нови случаи на заразени со коронавирусот, од кои 515 се во Пекинг.






Големо мнозинство од новозаразените лица немале никакви симптоми, соопштија здравствените служби.

Низ цела Кина се воведени карантини и други строги контролни мерки, а на жителите на Пекинг им се советува да не ги напуштаат своите домови освен ако е апсолутно неопходно.

Од средата е забранет и пристапот до елитниот универзитет во Пекинг. Луѓето кои беа на пазарот во југоисточен Пекинг каде беше откриен случај на коронавирусот се ставени во карантин во хотел на сопствен трошок.

Театарските претстави требаше да продолжат на 27 ноември, но датумите за повторно отворање се повторно одложени.

Поврзани содржини