Во текот на последните 24 часа, регистрирани се 500 нови случаи на коронавирус во Бугарија на направени 18.652 тестови.
Според официјалните податоци што ги објавуваат бугарските медиуми, 14 пациенти починале, а 47 се излечиле.
Активните се 9.921. Во болница има 935 пациенти, од кои 89 се на одделот за интензивна нега.
Како што јавуваат медиумите во Бугарија дадени се 12.520 дози вакцина во последните 24 часа.