КОРОНА НЕ СЕ ЛЕКУВА ШАБЛОНСКИ Секој пациент има различен имунитет, вели д-р Чолакова
Имаме пациенти кои се позитивни на ковид-19, а имаат полесна клиничка слика. Но, имаме и пациенти кои се вакцинирани и кои после вакцината се позитивни, доби ваат бронхит, бронхопневмонии. Не може по шаблон да се лекуваат сите луѓе еднакво, секој пациент има различен имунитет, вели д-р Чолакова.
Секој пациент си е посебна единка со различни дијагностички моменти и затоа кај сите пациенти не е ист начинот на лекување, вели за весникот Вечер, д-р Лидија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари, која и самата е матичен лекар.
– Имаме пациенти кои се позитивни на ковид-19, а имаат полесна клиничка слика. Но, имаме и пациенти кои се вакцинирани и кои после вакцината се позитивни, добиваат бронхит, бронхопневмонии. Не може по шаблон да се лекуваат сите луѓе еднакво, секој пациент има различен имунитет – вели д-р Чолакова.
Како што појаснува, лекарите треба да лекуваат, бидејќи и досега, имало вируси и во минатото, па никој не проверувал дали е алфа, бета, гама, ламба, туку се лекувала симптоматологијата кај пациентот.
Според неа, не може по шаблони да се лекуваат пациентите, бидејќи меѓу нив има такви на кои не смее да им се даде кортико поради висок шеќер.
– Нема шаблон во лекувањето. Некој пациент има висок притисок, а тоа значи дека одреден лек не можете да му го дадете. Матичните лекари се луѓе кои се со огромно искуство и знаење, но има пациенти кои одбиваат да бидат хоспитализирани. Со сила никого не можете да го однесете во болница. Засега од новиот бран имам само пет пациенти кои се позитивни на вирусот, а од нив четворица се вакцинирани. Пациентите се лекуваат во домашни услови, три дена беа со температура, примаат соодветна терапија и сега се подобро – вели д-р Чолакова-Дервишова.