📽️ КОРИСНИЦИТЕ НА ЧАТБОТОТ ГРОК ЌЕ ИМААТ АНИМЕ СОПАТНИЧКА Аватарот на Ани ги запали социјалните мрежи

Дали овој маркетиншки потег  е токму она што тимот кој го развива Грок сакал да го постигне?

94

Експлозивниот карактер на новата аниме полугола сопатничка „Ани“ во таканаречениот compagnion mode на чатботот Грок на Икс предизвика лавина реакции, јави TechCrunch.

Газдата на Икс, Илон Маск, го промовираше новото претплатничко искуство со чабтотот кој му е ривал на ЧатГПТ. Следуваа коментарите.






Повеќето интернетџии велат дека Ани има провокативен шарм, а некои дури ја нарекуваат „зачинет“ маркетиншки трик кој ги лови копачите по виртуелна интима.

Корисниците на Редит објавија дека Ани реагира како девојка која е лудо вљубена во корисникот и користи и такви зборови и реченици.

 

„Еј срцка, јас сум Ани, твојата лудо вљубена девојка, која ќе направи да ти прескокнува срцето“.

Според корисници на Икс и Cybernews, NSFW-режимот се активира откако ќе се достигне „ниво 3“ во односот со Ани и откако се „отклучува“ во сетинзите, тоа делува повеќе како соптаник кој е играчка отколку сопатник кој извршува сериозна етичка функција.

Иако неколку западни медиуми изразија загриженост дека ваквата содржина може да ја попречи реалната емоционална поврзаност и да поддржува осаменост (како што нагласува „Psychology Today“ во контекст на „AI girlfriends“), главно корисниците се повеќе љубопитни и „игриво одобрувачки“ кон Ани.

Дали овој маркетиншки потег  е токму она што тимот кој го развива Грок сакал да го постигне?

 

Поврзани содржини