📽 КОПАЛЕ СО РАЦЕ И ИЗВЛЕКЛЕ ЖИВО БЕБЕ ОД  УРНАТИНИТЕ ВО ГАЗА Очајничка спасувачка мисија по воздушниот напад на израелските сили

Бебето било дома со своето семејство кога се случил израелскиот напад, при што биле убиени нејзината мајка и сестра, таткото и помалиот брат преживеале.

524

Спасувачите во градот Рафах, на југот на Газа, извлекоа бебе од урнатините по израелски воздушен напад, јавува Би-Би-Си.

Луѓето со раце ја ископале Маријам Абу Акел од под урнатините, пред спасувачот да истрча со неа во блиската болница каде докторите и ги саниреле повредите.,






Бебето било дома со своето семејство кога се случил нападот, при што биле убиени нејзината мајка и сестра, објави Ројтерс. Нејзиниот татко и помалиот брат преживеале.

– Во истиот воздушен напад загинаа 20 лица, а 55 се повредени – соопшти портпаролот на Министерството за здравство кое го води Хамас.

Повеќе од 21.500 луѓе – главно деца и жени – се убиени за време на одмаздничките напади на Израел врз Газа, според Министерството за здравство на Хамас, пренесува Би-Би-Си. Се верува дека уште илјадници се затрупани под урнатините на зградите уништени од воздушни и артилериски напади.

Поврзани содржини