„Копал“ биткоини, приведен скопјанец, одземени седум мајнери за криптовалути

Како што информираат од МВР, при претрес извршен кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што биле пронајдени и одземени седум компјутери „мајнери’“за копање на криптовалути.

954

Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров, вчера во 14.30 часот  на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода В.П.(37), поради постеоње основи на сомнение за сторени кривични дела по чл. 235 и 236 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, при претрес извршен кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што биле пронајдени и одземени седум компјутери „мајнери’“за копање на криптовалути.






Лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини