КООРДИНАТОР ЗА БОЕМСКАТА БОЛНИЦА Дали Жерновски навистина зел 7.000 евра за да координира неуспешен проект?
Во последните седум месеци Андреј Жерновски земал по 1.000 евра за да биде проектен координатор, а во последниот месец од овие седум месеци Европската централна банка вели дека проектот не е доволно функционален и дека поради тоа нема да се изгради болницата, обвини Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, зел 7.000 евра за седум месеци од Министерството за здравство како проектен координатор за изградба на болницата во Штип, а за која владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбедила 26 милиони евра од Европската централна банка, но поради слабата реализација проектот бил стопиран, обвини Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
– Во 2016-2017 година ВМРО-ДПМНЕ потпишува договор со Централна банка за кредит за изградба на болницата во Штип. Европската централна банка, затоа што не нè подржувала Европската Унија, ни дава кредит од 26 милиони евра. Планот е до 2018 година да се изгради болницата во Штип. Започнува изградбата, првите 18 месеци има одредена динамика, доаѓа СДСМ на власт и Филипче вели дека во 2020 година Штип ќе има нова болница. Проектен координатор на овој проект е господинот Андреј Жерновски кој во последните 7 месеци зема по 1.000 евра месечно од Министерството за здравство да го проектира проектот. Последните седум месеци земал по 1.000 евра за да биде проектен координатор, а во последниот месец од овие седум месеци Европската централна банка вели дека проектот не е доволно функционален и дека поради тоа нема да се изгради болницата. Проектот е стопиран и нема одговор ниту од Жерновски како проектен координатор каков е нашиот имиџ пред Европската централна банка кога вие треба да изградите болница, сте ветиле дека во 2020 година ќе ја изградите, а потоа му го прекинуваат проектот. Тоа е имиџот на Македонија пред ЕУ, пред Европската централна банка кога СДСМ е на власт – вели Андоновски.