КОНВОЈОТ НА СЛОБОДАТА ЌЕ ПАТУВА НИЗ ФРАНЦИЈА По Париз, камионџиите планираат блокада на Брисел

Многумина од камионџиите вееја канадски знамиња, како знак на поддршка на нивните канадски колеги.

272

Во Франција организираа Конвој на слободата по примерот на протестите на возачите на камиони во Канада. Возачи на камиони се собраа во неколку градови и се упатија кон Париз.

Многумина од камионџиите вееја канадски знамиња, како знак на поддршка на нивните канадски колеги. Нивниот план е да протестираат во главниот град против потврдите за вакцинација и забраните за неимунизирани лица да посетуваат одредени јавни места.






Конвојот потоа треба да продолжи кон Брисел на протести пред европските институции. Од Ница заминаа околу 200 возачи. Неколку стотици се собраа и во близина на шпанската граница во градот Перпињан.

Поврзани содржини