КОНТРОВЕРЗНА СТРАТЕГИЈА ЗА ВНИМАНИЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Ѕвездата на Онлифанс призна дека ја лажирала бременоста

Бони Блу, ѕвездата на Онлифанс откри дека приказната за нејзината бременост откако имала односи со 400 мажи, била дел од осмислена кампања со чија помош заработила повеќе од милион фунти

0

Ѕвезда на платформата Онлифанс и актерка за возрасни, Бони Блу (26), чие вистинско име е Тиа Билингер, призна дека лажирала бременост за да привлече внимание и да заработи значителна сума пари преку социјалните мрежи.

Таа првично тврдеше дека е бремена, дури и покажувајќи позитивен тест, а дополнително ја шокираше јавноста со изјавата дека забременила по наводни односи со 400 мажи. Оваа приказна брзо се прошири и предизвика огромен интерес, но и бројни реакции.






@bonnieblue

spend the day with me

♬ original sound – Bonnie Blue

По неколку недели, јавувајќи се од луксузна вила во Мексико, Бони Блу призна дека целата приказна била измислена. Откри дека користела лажен труднички стомак и дека станува збор за внимателно осмислена кампања за привлекување внимание.

Нејзините објави предизвикаа жестоки критики, особено кај луѓе кои споделија лични и болни искуства со спонтани абортуси. Таа одговори дека има право сама да одлучува како ќе комуницира вакви теми, што дополнително ја разгори дебатата.

Според нејзините зборови, ваквата стратегија ѝ донела повеќе од 100 милиони прегледи и заработка од над еден милион фунти.

– Значи, пролетниот распуст заврши и повеќе нема да ми треба ова лажно стомаче. Благодарност до сите глупави средовечни родители кои паднаа на мојата „мамка“ (rage bait). Не само што тоја ја исплати оваа вила и сонцето, туку над 100 милиони прегледи ми заработија дополнителни милион фунти (1.153.100 евра).

По признанието, реакциите на социјалните мрежи беа поделени – дел од корисниците остро ја осудија, додека други тврдеа дека од почеток не поверувале во приказната.

Со пораката дека „сите биле наседнати“, таа повторно ја отвори дискусијата за границите на содржината и манипулацијата со публика на интернет.

Поврзани содржини