Контролори на „демократијата“

Кога историјата утре ќе побара синтетизиран впечаток, израз или одраз за овие две-три децении македонска „демократија“, „независност“ и „сувереност“, што прво паѓа на ум? Што е тоа што впечатливо, како симболика и/или прва асоцијација, ги одбележало овие години? Антиквизацијата и уништувањето на цел еден град? Рачето на срце и колнењето во името, идентитетот и Македонија? Криминалот, корупцијата и непотизмот во највисоките редови на власта? Графиконот на иселувањето на младите од државава? Голиот македонски задник што некој запнал да го покрие „на невидено“ со коридори вредни таинствени милијарда и триста милиони евра… Што?

430

До денес, никој од власта не го демантираше или оспори „северномакедонскиот јазик“ на нивниот главен „градежник“ во земјава „Бехтел и Енка“, никој од власта не превзеде нешто ни против онаа сталинистичка „пресуда“ за „случајот ИРЛ“, па следствено никој нема збор да каже ниту за најновиот скандал со обидот за цензурирање на едно уметничко дело во Музејот на град Скопје. А и зошто некој од власта или од нејзините „аналитички“ гласноговорници би рекол нешто? Сето ова извонредно се вклопува во победите на сите фронтови во оваа (не)културна војна што (и) оваа номенклатура на власт ја води против државата и македонскиот граѓанин.

Последниов соцреалистички „танц“ со делото на уметникот Зоран Шеќеров доаѓа во вистински час: во времето на одржувањето на фамозниот министерски состанок на ОБСЕ, па Музејот на град Скопје треба да биде вклучен во нивната културна програма како составен дел на запознавањето на учесниците со промоцијата на демократскиот развој на државата. Притоа и директорот на Музејот би можел да им одржи кратко предавање како тоа тие се справуваат со „провокативни“ дела насочени контра демократијата и агресивни уметници кои, ете, решиле да ја уриваат. И тој рецепт ОБСЕ понатаму да го проследи до сите земји членки!






Во тоа запознавање на гостите со успешната ждановистичка борба контра „подземните“ обиди на македонските уметници – веројатно како уште една форма на „руско влијание“ – би требало да им биде посочено што е дозволено а што не е не само во тој Музеј туку и во македонската култура во целина.

Па така, ќе ги просветлиме дека не може туку-така некој, па нека е и уметник, да пишува „пароли“ дека „Уметник од Северна Македонија не е уметник“ и истите да ги нарекува – уметнички дела. Македонските културни институции прифаќаат само дела што се „на линија“, како во стариот добар комунизам, а кому тоа не му се допаѓа нека изложува – надвор, на улица! Што е сосема прифатлива нова „културна политика“, нели?! И нова национална стратегија? Тоа ќе рече дека прифатлива форма на уметничко дело според рецептот на Музејот на град Скопје и македонската култура би била онаа којашто сугерира дека „Само уметник од Северна Македонија е уметник“? А останатото е – што? Ѓубре, не-уметност, кич, шунд…?

Кога историјата утре ќе побара синтетизиран впечаток, израз или одраз за овие две-три децении македонска „демократија“, „независност“ и „сувереност“, што прво паѓа на ум? Што е тоа што впечатливо, како симболика и/или прва асоцијација, ги одбележало овие години? Антиквизацијата и уништувањето на цел еден град? Рачето на срце и колнењето во името, идентитетот и Македонија? Криминалот, корупцијата и непотизмот во највисоките редови на власта? Графиконот на иселувањето на младите од државава? Голиот македонски задник што некој запнал да го покрие „на невидено“ со коридори вредни таинствени милијарда и триста милиони евра… Што?

И дали сето тоа е производ баш на она фамозно „руско влијание“ во државава што ја прави ваква каква што е? Она влијание кое, според еден наш универзитетски „стручњак“, го кочи и го одлага процесот на интегрирање со Западот, а на штета на огнениве борци за демократија?

Сепак, нам не ни треба такво влијание, ние си имаме свое, наследено, комунистичко или посткомунистичко, како сакате. Македонските властодржечки гарнитури, особено последниве петнаесетина години, доминантно црпат „знаења“ од таквото (недемократско) минато,  инкорпорирајќи го во своето секојдневие и практикување на власта. За нив политичкото силеџиство од типичен автократски комунистички происход станува conditio sine qua non за одржувањето на власт. Ама се исплашија дали Лавров ќе дошол во Скопје!

За жал, оваа македонска криенка-миженка со демократијата и континуираното флертување со комунистичкото наследство како репер доаѓа по онаа „незаборавна“ 2017 година како најавувана година на пресврт и ново. Меѓутоа, во овие балкански „демократии“ секогаш го добивате она што не сте го посакувале, уште помалку за коешто сте гласале! Политичкиве силеџии апостериори во игранката внесуваат друга музика и играчи од форматот на извеани „научници“ и анонимни „експерти“, провинциски „министри“ и полуписмени директорчиња како оној во Музејот на град Скопје, кои градат коридори но градските улици ги претворат во ним блиски калливи сокаци. Буквално и метафорично!

Нивниот „систем“ ги штити и комплетните идиоти кога се нивни, а во јавноста ги оспоруваат сите други, дури и потврдените авторитети. Оттука, секоја битка однапред е загубена, а тие ја добиваат (и) оваа (не)културна војна.

Како што наближуваат изборите, политичкото силеџиство и идеолошкото менгеме цврсто стегнато околу нивните вратови, ја поставува и новата политичка односно политикантска сцена. Сега тие јавно, меѓусебе, се убедуваат дека се однапред познати победници, дека тие, сосе него, ќе формирале влада…, а за сите други се поставува нова 1948 година. И клучното прашање, среде ноќ или во црни зори: за кого си, за СДСМ или за ВМРО и Левица? Ако згрешиш, се знае – лепенката те чека, а од неа е тешко да се ослободиш. И да, нема Голи оток, ама нели, помалку или повеќе, целава „држава“ почна многу да заличува на тој екс-југословенски Сибир?

Извор: Теодосиевски уметност

Поврзани содржини