КОНТРАЦЕПЦИЈА ЗА МАЖИ САД подготвува нехормонална таблета за спречување на бременост

Таблетата „Ипсилон-ес-ти-529“ веќе се покажала како безбедна при тестирањето на глувци и е 99 отсто делотворна во спречување бременост.

69

Научници од САД работат на нови нехормонални пилули за контрацепција за мажи. Таблетата „Ипсилон-ес-ти-529“ веќе се покажала како безбедна при тестирањето на глувци и е 99 отсто делотворна во спречување бременост.

Испитувањата на луѓе се очекува да почнат подоцна оваа година. Истражувачите од Универзитетот на Минесота ја претставија својата анализа на конференција на Американското друштво на хемичари. Апчето не влијае на тестостеронот, што значи дека опасноста од несакани последици е мала.






Повеќе за ована порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини