КОНТЕ РАЗОЧАРАН ОД ПОРАЗОТ Еве што изјави тренерот на Наполи

Наполи на гостувањето во Милано загуби со 2:1, првиот гол го прими во 3. вториот во 31. минута.

572

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, се осврна на синоќешниот натпревар од 5. коло од италијанското првенство против Милан.

Наполи на гостувањето во Милано загуби со 2:1, првиот гол го прими во 3. вториот во 31. минута.






– Раниот гол беше разочарувачки, можевме да играме подобро. Секогаш има простор за подобрување. Беше тешко да се игра по раниот гол на „Сан Сиро“. Ми се допадна играта на тимот и покрај тоа. Дури и во првото полувреме, го притиснавме Милан високо и создадовме шанси. Во последно време примаме малку повеќе голови, иако нашата одбрана отсекогаш била наша сила. Треба да продолжиме да работиме, но уживав во играта против толку физички противник како Милан – изјави Конте за „DAZN“.

Милан со 12 бода е лидер во Серија А, пред Наполи и Рома со исто толку освоени бодови.

Поврзани содржини