КОНТЕЈНЕРИТЕ ПРАЗНИ, ОКОЛУ НИВ ДЕПОНИИ Кога ќе научиме каде се фрла ѓубрето?

124

ЈП Комунална хигиена Скопје се жали дека извесен период се соочува со масовно непрописно исфрлање отпад во непосредна близина на садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад иако тие се празни. Дивите депонии околу контејнерите настануваат во периодот кога садовите се сосема празни и отпадот може да се одложи во нив, велат од Комунална хигиена.

Во текот на изминатиов викенд, екипите на претпријатието отстраниле приближно 40 кубни метри отпад одложен до контејнерите на булеварот Крсте Мисирков – во близина на рговскиот центар Мавровка, на улиците Џон Кенеди и Христијан Тодоровски-Карпош во општина Чаир, Народен фронт, Даме Груев, Партизанска и Митрополит Теодосиј Гологанов во општина Центар, како и на улиците 1.510 и Христо Татарчев во скопската општина Кисела Вода.






Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат да престане тенденциозното непрописно и несовесно исфрлање отпад на јавни површини.

– Уште еднаш потсетуваме дека секое одлагање отпад надвор од наменски поставените садови претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота, а сторителите подлежат на санкции. Ваквото однесување го загрозува јавното здравје и значително ја зголемува опасноста од ширење заразни болести, особено во летниот период – велат од Комунална хигиена.

Поврзани содржини