Конечно уапсен човекот кој пред 20 години уби 70 загрозени тигри

542

Мажот осомничен за убиство на 70 загрозени тигри е уапсен во Бангладеш по 20-годишна потрага.

Хабиб Талукдер, познат како Тигар Хабиб, конечно беше фатен по дојавата, откако за него беа распишани три претходни потерници, јавува Би-би-си.






Тој дејствувал во шумата Сундарбанс, на границата помеѓу Индија и Бангладеш, каде што живее најголемата популација на бенгалски тигри во светот. Во дивината останаа само неколку илјади, бидејќи на црните пазари ширум светот се купуваат нивните крзна, коски, па дури и месото.

– Тој е во бегство подолго време – изјавил шефот на полицијата Саидур Рахман за „Дака трибјун“.

Агенцијата АФП известува дека локалното население подеднакво го почитува и се плаши од него.

„Тој е опасен човек кој може да се бори само со тигрите во шумата“.

 

Поврзани содржини