КОНЕЧНО СЕ РАЗБРАВМЕ! Перо Камиказа и Левица заедно ќе го освојуваат Скопје
„Конечно, се разбравме. ОДИМЕ!“, напиша Апасиев, објавувајќи селфи со кандидатот за градоначалник.
Басистот на групата „Меморија“, Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа, официјално доби поддршка од Левица и тој ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори.
Информацијата на Фејсбук ја објави лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Конечно, се разбравме. ОДИМЕ!“, напиша Апасиев, објавувајќи селфи со кандидатот за градоначалник.